Бранер Бросс-дооел – Опрема за Оптики, Офталмолошки и Оптометриски кабинети.
За нас

Бранер Бросс-дооел е овластен дистрибутер и сервисер за специјализирана опрема за оптики и офталмолошки кабинети. Се бавиме со увоз, трговија, обука за работа и сервис на производи од областа на оптика , офталмологија и оптометрија. Денес на македонскиот пазар ексклузивно Ви ги нудиме: Briot Weco, Visionix, Takubomatic, Ion Vision, Lightmed Corporation, лидери на пазарот во својата област кои гарантираат со својот квалитет и сигурност при професионалната работа.

Во нашиот изложбен простор можете да се уверите во квалитетот на дел од широката гама производи на брендовите кои ги застапуваме. Нашиот сервисен центар располага со специјализирани сервисери обучени директно од техничките служби во фабриките во Франција и Германија. Опфатот на поправки во сервисите е мошне голем и вклучува детална дијагностика на инструментите, нивна поправка и замена на делови, сето тоа со директна врска со техничките служби на производителите со кои имаме склучено ексклузивни договори за сервис и продажба за Македонија, Албанија и Косово.

MK
|
EN
|
AL